Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија



Последни вести

Меѓународни активности

Делегација на ДЗР на конференција во Софија

Конференција на тема "Улогата на ВРИ во зајакнувањето на одговорноста, транспарентноста и интегритетот во јавниот сектор" е организирана на високо ниво под бугарско претседателство на Советот на Европската унија

Меѓународни активности

Мисија на ММФ на средба со претставници на ДЗР

Тричлена мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) задолжена за евалуацијата на фискалната транспарентност имаше средба со делегацијата на ДЗР предводена од заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми

Твининг проект на ДЗР поддржан од Европската унија

Делегација на ДЗР во посета на хрватскиот парламент

Во рамките на твининг проектот претставниците на ДЗР како членовите на компонента три, заменик главниот државен ревизор Насер Адеми и тројца пратеници како претставници на Собранието на Република Македонија се во посета на хрватскиот парламент и на Државниот завод за ревизија на Република Хрватска

Меѓународни активности

Делегација на ВРИ на Косово во работна посета на ДЗР

Осумчлена делегација на ВРИ на Косово предводена од помошник главниот државен ревизор, Керкин Морина е во тридневна работна посета на ДЗР (17-19 април)

Меѓународни активности

Претседателот на Турскиот суд за ревизија во посета на ДЗР

Делегација на Турскиот суд за ревизија предводена од претседателот на судот, Seyit Ahmet престојуваше во посета на ДЗР при што беше примена од Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми кој ја предводеше делегација на ДЗР што учествуваше во разговорите

Меѓународна соработка

Продлабочена соработката меѓу ревизорските институции на Македонија и Косово

Делегација на ДЗР предводена од Заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми, а во која беа и Максим Ацевски, ПГДР и Орхан Адеми, ревизор, оствари еднодневна посета на ВРИ на Косово при што беше примена од Генералниот ревизор, Бесник Османи

Твининг проект на ДЗР во соработка со ВРИ на Хрватска

Воспоставување системска соработка меѓу ДЗР и македонскиот парламент

Во просториите на Собранието на Република Македонија беше одржана почетната средба во рамките на твининг проектот поддржан од Европската унија, а преку кој проект ќе се реализира правната и институционалната реформа на системската соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и македонскиот парламент

Меѓународни активности

Делегација на ВРИ на БиХ во посета на ДЗР

Осумчлената ревизорската делегација на Босна и Херцеговина ја предводи Ранко Крсман, заменик главен државен ревизор, делегацијата на ДЗР која учествува на дводневните разговори на неколку теми ја сочинуваат 11 ревизори, a ја предводи Насер Адеми, заменик главен државен ревизор

Делегација на ДЗР во посета на Собранието на Република Македонија

Разговори на тема: Твининг проект - соработка меѓу ДЗР и парламентот

Делегација на ДЗР предводена од Насер Адеми, заменик главен државен ревизор, оствари посета на парламентот при што во присуство на Paulina Stanoeva, програмски менаџер и Roumiana Tchoukova, постојан советник на твининг проектот, разговараа околу активностите на „Компонента 3“ која ја третира соработката на ДЗР со парламентот

Прва седница на Советот за управување со јавни финансии

Презентирана „Програмата за реформа на управување со јавните финансии 2018-2022 година“

Советот за управување со јавните финансии е координативно тело на Владата на Република Македонија задолжено за следење на спроведување на реформите на управувањето со јавните финансии, составено од претседател и десет постојани членови меѓу кои е и Главниот државен ревизор

Меѓународни активности

Насер Адеми на регионална конференција во Албанија

На покана на главниот државен ревизор на ВРИ на Албанија, Бујар Лескај, заменик главниот државен ревизор Насер Адеми учествуваше на регионалната конференцијата организирана во Драч, Албанија каде имаше свое обраќање кон присутните

Меѓународни активности

Томаж Весел во посета на ДЗР

Претседателот на Судот на ревизија на Република Словенија, Томаж Весел оствари еднодневна работна посета на Државниот завод за ревизија, при што беше примен и водеше разговори на неколку теми со Насер Адеми, заменик главен државен ревизор, а присуствуваше кусо и на интерната обука организирана од ДЗР

Твининг проект на ДЗР поддржан од Европската унија

Одржан заеднички состанок на членовите на четирите компоненти

По официјалното отворање на проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија“, беше одржан заеднички состанок на членовите на четирите компоненти на кои се темели проектот

Твининг проект на ДЗР поддржан од Европската унија

Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на ДЗР за вршење надворешна ревизија

Свеченото отворање на проектот се одржа во просториите на Европската унија во Скопје, во присуство на претставници од трите партнери – ДЗР, Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и поканетите гости и дипломати

Меѓународни активности

Делегација на ревизори од Шведска во посета на ДЗР

Тричлена делегација на Националната ревизорска канцеларија на Шведска престојува во еднодневна (24 јануари) посета на ДЗР при што ќе биде примена од Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, а во работниот дел ќе има дискусија со членовите на делегација на ДЗР

Стратешки документи на ДЗР

Донесена новата „Стратегија за развој на ДЗР 2018-2022 година“

Стратешките приоритети и новите трендови промовирани во стратешките планови на ИНТОСАИ (2018-2022 година) и на ЕУРОСАИ (2018-2023 година) се појдовна точка на стратешкиот план на ДЗР за наредниот петгодишен период во кој се дефинирани основните принципи на работењето на ДЗР

Стратешки документи

ДЗР со нова ИТ стратегија 2018-2022 година

Целта на донесената ИТ стратегија за наредниот петгодишен период е да ја зголеми ефикасноста на информацискиот систем на Државниот завод за ревизија, да овозможи правилен развој и одржливост на ИТ капацитетите и информацискиот систем, да ги презентира резултатите од работењето на ДЗР, како и да придонесе во имплементирањето на Стратегијата за развој на ДЗР

Донесена новата Годишна програма на ДЗР

Во 2018 година планирани 67 ревизии

Изборот на субјектите /проектите/темите за програмата за работа на ДЗР во 2018 година е извршен согласно член 22 и 23 став 1 од Законот за државна ревизија и Упатството за предлагање ревизии за годишна програма

Истече мандатот на Главниот државен ревизор, м-р Тања Таневска

Со ДЗР ќе раководи Насер Адеми, Заменик главен државен ревизор

До изборот на нов Главен државен ревизор, за кое Собранието на Република Македонија распиша „Јавен оглас“, со Државниот завод за ревизија ќе раководи Насер Адеми, Заменик главен државен ревизор кој имаше средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери

Информација на ДЗР за ревизорски активности

Известување за јавноста

Во врска со големиот број на барања за вршење ревизија пристигнати во последните три месеци и интересот на јавноста за тоа кога сме вршеле ревизија кај субјектите, ДЗР го објавува прегледот со сите субјекти за кои се бара ревизија, периодот кога е вршена ревизијата и каков вид на ревизија е извршена