Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Претседателот на Турскиот суд за ревизија во посета на ДЗР

Делегација на Турскиот суд за ревизија предводена од претседателот на судот, Seyit Ahmet кој истовремено е и претседател на EUROSAI, престојува во дводневна посета на Државниот завод за ревизија при што беше примена од Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми кој ја предводеше делегација на ДЗР. Тема на разговор  беше напредокот и развојот на двете Врховни ревизорски институции и размислувањето во насока на продолжување на досегашната успешна соработка.



За време на официјалните разговори двете делегации разменија искуства во однос на досегашната соработка која датира од пред 15 години. Притоа, челните луѓе на двете Врховни ревизорски институции се согласија дека меѓусебната соработка има длабоки корени и дека истата треба да се негува во иднина.

 



За време на официјалната посета на ДЗР, делегацијата на Турскиот суд за ревизија оствари и посета на Уставниот суд на Македонија. Покрај тоа, делегацијата реализираше и куса посета и разгледување на културно историските знаменитости на Охрид.



Покрај претседателот на Турскиот суд за ревизија, Seyit Ahmet, во делегацијата која учествуваше во разговорите беа и Abdullah Simsek, член на Турскиот суд за ревизија и Feyzullah Okumus, директор на ИРД, додека во разговорите како членови на делегацијата на ДЗР учествуваа Тања Јаневска и  м-р Максим Ацевски (двајцата ПГДР) и Калиопи Петкоска (самостоен ревизор).



 


 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 17.04.2018