Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Телевизиска дебата на тема ревизорски извештаи
Ацевски: Да не си ја вршеа работата ревизорите, ситуацијата ќе беше уште полоша!.

Транспарентноста на ДЗР, како една од петте негови стратешки цели, се потврди и со гостувањето на Помошнбик главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски кој гостуваше во ТВ-дебатата „Уреднички брифинг“ на 1ТВ. Водител на дебата беше новинарот Ацо Кабранов, а покрај Ацевски, гостуваше и Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал Македонија“.

Во дебатата беше истакнато дека ревизорските извештаи се главниот извор на податоци за тоа како се трошат парите на граѓаните од буџетот. Последните два актуелни ревизорски извештаи се за  финансиското работење на Министерството за правда за 2016 година и на Министерството за култура за подолг период.

- Државната ревизија има за цел да ги заштити државните средства и затоа секој менаџер поставен од надлежните органи треба да води грижа за законско и наменско користење на средствата, вели Максим Ацевски, помошник главен државен ревизор.

Според Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал Македонија“, ревизорските извештаи најчесто остануваат објавени само на веб страницата на институцијата, па треба да се направи нешто повеќе за граѓаните да бидат позаинтересирани да ги читаат.

-Според меѓународни извештаи, стотици милиони се изнесени од Република Македонија во непознат правец затоа што не постои соодветна контрола на трошењето на јавните пари, вели Тасева, но, додава, институциите треба да ги анализираат и да постапуваат по наодите на ревизорите.

Според Ацевски, да не си ја вршеа работата ревизорите, ситуацијата ќе беше уште полоша. Годинава институциите веќе во неколку наврати постапиле по ревизорски извештаи и побарале податоци од ревизорите, што покажува дека работите се придвижиле. Во последните извештаи ревидирана е работата на институциите во 2016 година, но со последниот извештај за 2017 кој ќе биде објавен деновиве, се гледаат знаци на подобрување на состојбите.

Едни од најпознатите случаи произлезени од овие извештаи се „Бачило“ и „Национална платежна картичка“, кои поранешниот состав на Антикорупциска ги открил токму од ревизорските извештаи.

Ацевски и Тасева се согласуваат дека граѓаните треба да бидат повеќе заинтересирани за ревизорските извештаи, но и дека медиумите се тие што треба да им ја приближат темата и да ги толкуваат податоците. Во тој контекст, ДЗР најавува скоро организирање на привичен брифинг, а потоа и прес-конференција со новинарите на кои ќе бидат презентирани најнови податоци од Годишниот извештај на ДЗР за работењето во 2017 година кој ќе биде предмет на расправа во Собранието на Република Македонија. 

Целата дебата можете да ја погледнете на линкот подолу.

http://1tv.mk/makedonija/%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b8%d0%b7%d0%be%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%88%d1%82%d0%b0%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%be%d1%82%d0%ba%d1%80%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%b0%d1%82/

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 07.06.2018