Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународна соработка
Договор за соработка меѓу ДЗР и Судот за ревизија на Турција

Со цел да продолжи развивањето и унапредувањето на досега остварената соработка, а раководејќи се од основните принципи на Меѓународната организација на врховни ревизорски институции (INTOSAI) и Европската организација на врховни ревизорски институции (EUROSAI), Државниот завод за ревизија на Република Македонија и Судот за ревизија на Република Турција потпишаа договор за меѓусебна соработка.

 

 

Главни цели на соработката се спроведување на меѓународните стандарди за ревизија на јавниот сектор и добрата европска пракса; развивање на професионална и техничка соработка, обезбедување на взаемна помош за обука на кадарот, размена на информации и податоци за активностите на Страните и размена на искуства за унапредување на методологијата за државна ревизија.

 

 

Договорот во име на двете Врховни ревизорски институции го потпишаа Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми и претседателот на Судот на ревизија на Турција Seyit Ahmet BAŞ. На чинот на потпишувањее беа присутни повеќе претставници и од двете страни. 

 

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 03.10.2018