Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Рејмонд Хил и Паулина Станоева во посета на ДЗР

Претставникот на Генерален директорат за буџет на Европската комисија Рејмонд Хил и г-ѓа Паулина Станоева, перетставник на Делегацијата на Европската унија во Скопје остварија работна посета на Државниот завод за ревизија. Притоа имаа средба и разговараа со заменик главниот државен ревизор Насер Адеми и помошник на главниот државен ревизор Тања Јаневска, инаку лидер-проект на Твининг проектот кој ДЗР го реализира со ВРИ на Хрватска и Бугарија, а кој е финансиски поддржан од Европската унија.


Состанокот имаше за цел да се информираат претставниците од Европската комисија за активностите кои ДЗР ги реализира во насока на зајакнување на Државниот завод за ревизија и унапредување на државната ревизија согласно добрите пракси на ВРИ од европските земји преку реализацијата на Твининг проектот со ВРИ на Бугарија и Хрватска.

Присутните беа запознаени со активностите во насока на реализирање на препораките содржани во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во делот за надворешната ревизија.  Притоа, претставниците од Европската комисија ги охрабрија напорите на ДЗР во насока на развој на Државниот завод за ревизија како независна и современа врховна државна институција.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 10.10.2018