Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Делегација на ВРИ на Косово во посета на ДЗР

Тричлена делегација на Врховната ревизорска институција на Косово беше во еднодневна посета на Државниот завод за ревизија при што беше примена од заменик главниот државен ревизор Насер Адеми. Делегација на ВРИ на Косово беше предводена од главниот државен ревизор Бесник Османи, а во неа беа и заменик главниот државен ревизор Илир Салиу и раководителот на секторот за методологија, Насер Ардхати.

 

 

 Главна тема на разговор и интерес кај ревизорската делегација од Косово беше Електронскиот систем за управување со ревизијата (Audit management system-AMS), неговата практична примена во финансиската ревизија и во ревизијата на успешност.   


Во тој контекст, Сашо Јаковчевски, помошник раководител на ревизија во ИТ секторот, и Тања Јаневска, помошник на главниот државен ревизор, инаку двајцата носителите при планирањето и имплементацијата на AMS проектот, на гостинската делегација детално им ги објаснија сите фази на проектот. Тоа се однесува на процесот на планирање на истиот, негово купување, тестирање на софтверот, обучување на вработените за негово користење и практична имплементација во процесот на вршење ревизија. При разговорите на темата како член на делегацијата на ДЗР учествуваше и Орхан Адеми, ревизор. 

Двете делегации разговараат и на други теми како унапредување на понатамошната меѓусебна соработка и размена на ревизорските искуствата од секојдневното работење.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 26.10.2018