Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Интервју на Насер Адеми, ЗГДР, за Anadolu Agency (AA)
„Ние сме чувари на парите на граѓаните“

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНОВИ ЗАМЕНИК ГЛАВНИОТ ДРЖАВЕН РЕВИЗОР НАСЕР АДЕМИ ИМАШЕ ИНТЕРВЈУ СО НОВИНАРОТ АДМИР ФАЗЛАГИЌ ОД ANADOLU AGENCY КОЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ

Државниот завод за ревизија (ДЗР) на Република Македонија е независна институција за ревизија на користењето на буџетските и другите јавни средства во Република Македонија.

ДЗР има за цел навремено и оибјективно да ги информира надлежните државни органи за ревизороските наоди и од извршените ревизии и преку јасни ефективни препораки упатени до корисниците на јавните средства да придонесе кон унапредување на управувањето со овие средства.

 


Насер Адеми, заменик главен државен ревизор во разговорот на Anadolu Agency (AA) зборуваше за целите на ДЗР, начинот на функционирање на оваа иснтитуција, како и за нивните актуелни активности и проекти што ги спроведуваат.

„Ние сме чувари на парите на граѓаните и тоа во нашата мисија го потенцираме. Со сите институции во нашата држава имаме многу добра соработка, почнувајќи од Собранието со кое имаме Меморандум за соработка, со Обвинителството, со Државната комисија за спречување на корупција, со кои имаме Меморандум за соработка. Нашите извештаи не остануваат само кај нас, не е само истакнување на нашата веб-страница, туку нашите извештаи ги носиме и во другите институции доколку видиме дека некаде имало неправилности“, вели Адеми и истакнува:

„Лани до Обвинителството на Републиката имаме доставено 16 наши извештаи од годишната програма што ја работевме за 2016/2017 година, што значи дека ние во континуитет соработуваме со другите институции“.

Адеми додава дека кога ги издаваат ревизорските извештаи кои содржат ревизорски наоди, гледаат дали се извршени посочените забелешки во наодите и дали иституциите презеле некакви мерки и активности во врска со тоа, објаснувајќи дека голем дел од институциите во државата настојуваат да постапат во согласност со забележаното во ревизорските извештаи.

Ревизијата на успешност поактуелна од финансиската ревизија

Заменик главниот државен ревизор објаснува дека сѐ поактуелна станува ревизијата на успешност, во споредба со финансиската ревизија.

„Во Европа и во светот финансиската ревизија не е толку актуелна тема колку што е ревизијата на успешност. Ние како ДЗР секоја година одиме кон подигнување на ревизијата на успешност. Сакам да напоменам дека догодина, со твиниг-проект имаме три меѓународни ревизии на успешноста. Една многу интересна тема ќе биде одливот на кадри од Македонија, што заедно го работиме со државната ревизија на Бугарија“, вели Адеми.

Говорејќи за начинот на функцонирање на институцијата што ја предводи, Адеми вели дека ДЗР е отворен за институциите, како и дека тие работат институциите да немаат проблеми.

„Понекогаш сакаме да бидеме советодавни и пријатели со институциите, со цел да ги чуваме парите на граѓаните и да ги подигнеме институциите на ниво на ЕУ“, истакнува Адеми, притоа споделувајќи и идеја како институциите да бидат потранспарентни за граѓаните.

„Институциите треба да бидат потранспарентни, треба нашите извештаи да ги стават на нивните веб-страници да се читаат како ги регулираат работите и граѓаните ќе знаат дека има подобрување. Тоа е моја идеја за да бидат транспарентни за граѓаните“, вели Адеми.

Од тој аспект, информира заменик државниот ревизор, на почетокот на годината е потпишан ИПА-проект за капацитетите за зајакнување на Државиот завод за ревизија, со институциите за ревизија на Бугарија и Хрватска. Една од најважните компоненти, според Адеми, е подигнување на соработката со Собранието, за која вели дека напредува.

Осврнувајќи се на соработката со врховните ревизорски институции на земјите од регионот, тој истакнува дека со Бугарија и Хрватска полесно се разбираат и ги споделуваат заедничките искуства, со цел полесно дојдат до посакуваното ниво.

Во однос на актуелните активности и проекти во регионален контекст, Адеми информира дека делегација на ДЗР, предводена од него, на 11 и 12 октомври учествуваше на состанокот на Контакт-комитетот што се одржа во Дубровник, Хрватска.

На состанокот на шефовите на врховните ревизорски институции на земјите членки на ЕУ учествуваа и претставници на врховните ревизорски институции на земјите кои се кандидати за членство во Европската Унија во својство на активни набљудувачи: Македонија, Турција, Црна Гора, Србија и Албанија, како и претставници на Европскиот суд за ревизија (ECA).

Адеми потенцира дека на состанокот во Дубровник имало многу иновативни работи, а меѓу најиновативните ја издвои идејата на неговите колеги од Бугарија, ревизорските извештаи да не се само во хард-верзија, туку за да стигнат полесно до читателот (граѓаните) да биде подготвена видеопрезентација за ревизорските извештаи. Како што рече, наредниот Контакт-комитет ќе се одржи во Полска.

Очекуваме соработка на сите нивоа со Турскиот суд за ревизија

Во рамките на Контакт-комитетот се одржуваат и заеднички обуки и заедничко учество во ревизорската работа.

„Пример, со Хрватска и Унгарија без разлика што се дел од ЕУ, пред 2-3 години имавме можност да имаме заедничка работа меѓу себе, каде што имавме ревизија на туризмот. Првин почнавме со Хрватска, потоа продолживме со Унгарија, на крај излеговме со заеднички извештај со двете врховни ревизорски иниституции од двете држави. Сакам да наведам дека ние учествуваме во сите групи кои произлегуваат од Контакт-комитетот, ние сме член на ЕУРОСАИ (EUROSAI) и активно учествуваме“, рече Адеми.

Со цел да продолжи развивањето и унапредувањето на досега остварената соработка, а раководејќи се од основните принципи на Меѓународната организација на врховни ревизорски институции (INTOSAI) и Европската организација на врховни ревизорски институции (EUROSAI), Државниот завод за ревизија на Република Македонија и Судот за ревизија на Република Турција во месец октомври оваа година потпишаа договор за меѓусебна соработка.

„Веќе одамна е потпишана првата соработка по формирањето на нашата институција меѓу првите што беше потпишана. Ние само ја надградивме соработката. Очекуваме да имаме соработка на сите нивоа со Турскиот суд за ревизија. Очекуваме нашите ревизори да го посетат Тренинг-центарот каде што беа сите од регионот и да ги видиме тие искуства. Тие се и ревизија и суд, ние сме само Државен завод за ревизија, но искуствата ќе бидат за добро на двете страни на институциите“, нагласува Адеми, објаснувајќи ја соработката со Судот за ревизија на Турција.

ДЗР соработува со сите земји во регионот

Според неговите зборови, ДЗР соработува со сите земји во регионот. По повод одбележување на јубилејот – 15 години од формирањето на Националната ревизорска канцеларија на Косово, Адеми присуствуваше на тематска конференција која се одржа во Приштина на почетокот на октомври месец оваа година.

„Главниот државен ревизор на Косово назначен пред извесно време е првиот државен ревизор што е поставен од Косово, поранешните беа странски државни ревизори. Сакаа соработка и претежно се заинтересирани за нашиот софтвер за ревизија (Електронски систем за управување со ревизијата - Audit management system -AMS). Во регионот, можеби сме лидери во тој софтвер, цел регион сака да го види, доаѓаат од Косово, Албанија, Србија, Босна да видат како работиме со тој софтвер кој сами го изградивме“, објаснува Адеми, доддавајќи дека сами го изградиле софтверот, со спонзорство на главниот државен ревизор на Норвешка.


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 06.11.2018