Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни активности
Потпишан договор за соработка меѓу ДЗР и Националната канцеларија за ревизија на Косово

Досегашната практикувана соработката меѓу Државниот завод за ревизија и Националната канцеларија за ревизија на Косово беше и официјализирана со потпишување на договор за меѓусебна соработка, што се случи во седиштето на  ВРИ на Косово во Приштина (08.02.2019).


Во присуство на двете делегации, заменик главниот државен ревизор Насер Адеми и генералниот ревизор на Косово, Бесник Османи го потпишаа документот на обострано задоволство. Потоа, челните луѓе на двете Врховни ревизорски институции имаа отворена средба со новинарите при што дадоа изјави и одговараа на нивните прашања.

 

 

 Во таа насока, заменик главниот државен ревизор Насер Адеми изјави:


- За нас овој договор е добар бидејќи се зајакнуваат добрососедските односи и добрите односи меѓу двете земји. Задоволство ни е што за прв пат како Врховна ревизорска институција на Република Македонија потпишавме договор со Косовската канцеларија за ревизија. Всушност, ние само ја официјализиравме претходната соработка која ја почнавме разменувајќи ги нашите искуства стекнати при работењето поврзано со вршењето ревизија. Се надевам дека и сега, по потпишување на договорот, ќе ги користиме меѓусебните искуства и практики како две соседни земји кои ќе ја развиваат меѓусебната институционална соработка.

 


 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 11.02.2019