Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Ревизорски активности
ОБУКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДЗР

Имајќи предвид дека за Државниот завод за ревизија основен ресурс за спроведување на мандатот, мисијата, визијата и стратегиските цели, претставуваат човечките капацитети и согласно тоа поседувањето и имплементација на нивното знаење и искуство, вештини и развивање на нови перспективи, произлезе потребата од спроведување на стручни настани - континуирано професионално усовршување и обуки на ниво на државни ревизори и на институционално ниво за 2019 година. Овие стручни настани произлегоа од ГП за КПУ и обуки на ДЗР за 2019 година.

 

 

Обуката беше реализирана во просториите на ДЗР, а дизајнирана и спроведена од м-р Тања Тасевска, Советник на ГДР за ревизорски методологии и практики, ОДР и IDITSCD – сертифициран специјалист за обуки од INTOSAI. Обучните активности  беа наменети за вработените во ДЗР од кои присуствуваа 17 лица (пет нововработени и 12 лица со различно искуство и звања).

 

 

Согласно Годишниот план на ДЗР за континуирано усовршување и обуки за 2019 година - поглавје Основно ниво на обуки, темите на обуката со која започна реализацијата на Годишниот план беа следните:

I.1. Запознавање со мандатот, улогата и значење на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија;

I.2. Основи на државната ревизија - историјат и развој (организација, промени, законски и подзаконски акти, основни документи за работа во ДЗР, ДЗР низ бројки и друго);

I.3. Запознавање со методолошките основи на професијата - видови на ревизии и фази во ревизијата (посебен осврт на INTOSAI и ISSAI организациона поставеност, рамка на стандарди, декларации, видови и форми на ревизорско мислење);

I.4. Основи на државната ревизија - во служба на јавноста (зошто постои ВРИ?);

 

 

Обуката беше спроведена во пријатна и колегијална атмосфера, со испорака на вежба, дискусии и размена на мислења по одредени прашања кои се покренаа од практиката на ревизорите.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 21.02.2019