Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Делегација на ДЗР на III EUROSAI-ASOSAI заедничка конференција во Израел

Тричлена делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми, а во која се и Тања Јаневска, помошник на главниот државен ревизор и Калиопи Петкоска, самостоен ревизор, учествува на III EUROSAI-ASOSAI конференција која се одржува во Ерусалим, Израел.

Според агендата на конференцијата е најавено учество на 125 претставници на 44 Врховни ревизорски институции од светот, како и претставници на Европскиот суд на ревизори.

Главна тема на конференцијата е „Новите проблеми и состојбите во вонредни ситуации“. Оваа централна тема опфаќа важни под-теми како што се вонредните ситуации каде се вклучени: подготовки за природни непогоди (земјотреси, пожари, цунами и слично); управување со катастрофи; справување со терористички напади; сајбер безбедносни закани и друго.

Во областа на новите прашања, како подтеми, се вклучени: справување со предизвиците на миграцијата и бегалците; стареењето на населението; SDG и друго.

Конференцијата ја отвори државниот контролор и народен правобранител на Израел, судијата Џозеф Х. Шапира. Свои обраќања имаа и потпретседателот на EUROSAI и претседател на ВРИ на Република Чешка, Милослав Кала, како и претседавачот на ASOSAI , заменик генерален ревизор на ВРИ Виетнам, Doan Xuan Tien Keynote.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 13.03.2019