Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Работилница на државните ревизори во Охрид (16-18 ноември)
ДЗР ќе почне со користење на AMS системот

Централна тема на работилницата која Државниот завод за ревизија ја организираше за вработените и која се одржа во Охрид беше презентацијата и финалната подготовка за имплементација на електронскиот систем за управување со ревизијата  (Audit Management System – AMS). Членовите на проектниот тим од ДЗР задолжени за одредени специфични перформанси и делови на AMS-системот детално го презентираа истиот пред вработените, со што всушност се направи финалната подготовка за негова примена.

На работилницата беше присутно и раководството на ДЗР, при што Главниот државен ревизор м-р Тања Таневска не го криеше задоволството од финализирањето на проектот истакнувајќи притоа дека неговата имплементација почнува со реализација на новата „Годишна програма за работа на ДЗР во 2017 година“.   Де факто, тоа значи дека од 01 март 2017 година државните ревизори ќе ги извршуваат фазите на ревизија по електронски пат, односно преку користење на  електронскиот систем за управување со ревизијата  (Audit Management System – AMS).

Во дискусиите што се развија за време на работилницата беше истакнато дека AMS системот е нова технолошка и мошне корисна алатка,  која значително ќе им го олесни процесот на вршење ревизија на државните ревизори. Исто така беше истакнато дека AMS  системот е максимално современ и креиран во склад со потребите на Државниот завод за ревизија кои произлегоа низ одржувањето на многубројните состаноци на двата проектни тима – македонскиот и норвешкиот.

Системот за електронско управување со ревизијата е заеднички проект на Државниот завод за ревизија и Врховната ревизорска институција на Кралството Норвешка.  Проектот почна во септември 2012 година, кога во Скопје челните луѓе на двете ВРИ, м-р Тања Таневска и г. Jorgen Kosmo  го потпишаa меморандумот за соработка.

Презентации од меѓународната соработка

Покрај главната тема поврзана со електронскиот систем за управување со ревизијата, за време на работилницата вработените во ДЗР имаа едукација на уште неколку теми поврзани со здравата храна и телесната дисциплина, како и начините и техниките за справување со стресните ситуации на работното место.

Работилницата  заврши со презентирање на стекнатите искуства од меѓународната соработка на државните ревизори реализирана во годината која завршува. Ревизорите кои имаа можност да се стекнат со нови знаења и искуства низ средбите со колегите од Европа и светот тоа несебично го пренесоа на другите преку Power Point презентации и интерактивни дискусии на темите кои беа на агендата.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 10.01.2017