Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Конгрес на INCOSAI во Абу Даби, ОАЕ (05-11 декември)
Делегација на ДЗР на конгресот на INCOSAI

Во рамките на редовните меѓународни активности, делегација на Државниот завод за ревизија учествуваше на редовниот 22-ри по ред конгрес на INCOSAI што се одржа во Абу Даби, Обединетите арапски емирати. Делегацијата на ДЗР ја сочинуваа м-р Александар Поповски, генерален секретар и м-р Цвета Ристовска, помошник главен државен ревизор.

На конгресот во Абу Даби на агендата беа две главни теми: 

1) Како може INTOSAI да даде придонес на агендата на Обединетите нации 2030 година во контекст на одржлив развој, добро владеење и борба против корупцијата?

2) Што може да го промовира веќе стекнатиот кредибилитет на INTOSAI за да стане уште попозната меѓународна организација?

За време на конгресот претставниците на Врховните ревизорски институции членки на INTOSAI имаа можност да ги разменат искуствата и да дискутираат на темите кои беа на агендата. По завршувањето на презентациите од страна на предвидените модератори,  заклучоците и препораките за идната работа беа донесени на пленарната седница која се одржа последниот ден на конгресот.

На конгресот во Абу Дабу, покрај претставниците на ВРИ кои се членки на INTOSAI, присуствуваа и претставници на Организацијата на обединетите нации, претставници на Светската банка и на други меѓународни професионални организации.

Претходниот конгрес на INCOSAI беше одржан пред три години во Кина, а традицијата почна во 1953 година со првиот конгрес одржан на Куба.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 12.01.2017