Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Делегација на Судот за ревизија на Турција во посета на ДЗР

Четиричлена делегација на  Судот за ревизија на Турција предводена од г-н Nukrettin Parlak, член на Судот за ревизија на Турција, престојува во тридневна посета на Државниот завод за ревизија. Во турската ревизорска делегација, која ќе ја реализира посетата во периодот 30 јануари – 01 февруари, се и г-н Osman Sevgi, самостоен ревизор, г-н Mehmet Ilkay, виш ревизор и г-ѓа Seyma Firat, виш ревизор.

Делегацијата на ДЗР, која ќе учествува на темите предвидени со агендата, ја предводи г-н Насер Адеми, заменик главен државен ревизор.



За време на посетата претставниците на двете Врховни ревизорски институции ќе разговараат на повеќе теми како: организационата структура на ДЗР, систем за електронско вршење ревизија, софтвер за анализа на податоците од ревизорските извештаи, меѓународна соработка, осигурување на квалитетот на контрола на извршените ревизии и друго.

Во делегацијата на ДЗР, покрај заменик главниот државен ревизор, се Тања Јаневска, ПГДР, м-р Максим Ацевски, ПГДР, Сашо Јаковчевски, помошник на раководител на ревизија, Калиопи Петкоска, самостоен ревизор, Јулијана Стефановиќ, самостоен ревизор, Лиман Мухаџири, ревизор и Емирбедри Абаз, внатрешен ревизор.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 30.01.2017