Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Соопштение на ДЗР
Осврт на изнесени констатации во издадена публикација

ДО
ЦЕНТАР ЗА ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ - СКОПЈЕ
д-р Марјан Николов, постар експерт 

Булевар „Јане Сандански“ број 63/3
1000 Скопје


Предмет:  
Осврт на изнесени констатации во публикација „Оцена на законодавните и регулаторни одредби поврзани со работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР)“

Почитуван г. Николов,

Од страна на Фондацијата за демократија на Вестминстер издадена е публикација под наслов „Оцена на законодавните и регулаторни одредби поврзани со работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР)“ во која еден од авторите сте и Вие. Имајќи во предвид дека заклучно до денот на доставувањето на овој осврт ние како врховна ревизорска институција не сме контактирани ниту од Вас ниту од страна на издавачот, чувствуваме за потреба да ги изнесеме нашите видувања во однос на одредени ставови содржани во истата.

Во делот на искажаните ставови во областа:

 - Правна рамка

  • Прикажаниот процес на вршење ревизија на (Слика 1), формалната комуникација меѓу ДЗР и Собранието (слика 2) и Формална комуникација меѓу ДЗР и Владата (слика 3) не се во согласност со одредбите на Законот за државната ревизија и другите закони кои ја уредуваат наведената област како и активностите утврдени во методолошките акти на ДЗР;
  • Критериумите и постапките за предлагање на субјекти предмет на ревизија се уредени со методолошките акти на ДЗР, истите преставуваат алатка за начинот на постапување на вработените во ДЗР и се достапни за сите државни ревизори;
  • Начинот на соработка меѓу ДЗР и надлежните органи како и обезбедувањето на повратни информации од надлежните органи е уредено со одредбите на склучениот протокол за соработка;
  • Независноста на ДЗР е уредена со одредбите на Законот за државната ревизија и во досегашната пракса нема состојби кои упатуваат на ограничувања од правен и финансиски аспект;
  • Следењето на преземените мерки по дадените препораки содржани во конечните извештаи за извршените ревизии е уредено со одредбите на Законот за државната ревизија и методолошките акти на ДЗР. За оваа активност ДЗР има развиено и воспоставено софтверска апликација која преставува добра пракса и за други ВРИ.

    Практични аспекти и проблеми
  • Активностите за начинот на постапувањето на ДЗР во случај на не преземање активности по дадените препораки од страна на ревидираните субјекти се уредени со методолошките акти на ДЗР;
  • годишната сметка на Буџетот на РМ е пропратена со извештајот на овластениот државен ревизор и истата преставува предмет на разгледување од страна на Собранието на РМ;
  • формирањето на ревизорскиот комитет[1] во рамките на Министерството за финансии е во функција на внатрешната ревизија и има консултативна улога;
  • поврзувањето на бројот на наоди и бројот на спроведени препораки по години по својата природа не може да се споредува бидејќи субјектите на ревизија од година во година се разликуваат, за определени наоди може да се дадат и повеќе препораки, за повеќе наоди да е дадена една препорака или пак за одредена состојба воопшто да не се даде препорака поради тоа што субјектот предмет на ревизија преземал мерки уште во текот на ревизијата.

Меѓународна пракса

  • Посочените примери од меѓународните ВРИ како различни модели се корисни за да се укаже дека не постои пракса во другите ВРИ каде што се предвидуваат казнени одредби за субјектите со Законот за државната ревизија или пак им се дава овластување на ВРИ да наметнуваат санкции врз субјектите на ревизија, во услови кога постојат надлежни институции како Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Државната комисија за спречување на корупцијата и други, кои согласно закон имаат надлежности во понатамошна постапка.

Предлог препораки за подобрување на работата на ДЗР

  • Финансиската независност, правниот статус на државните ревизори и обврската за постапување/известување за преземените мерки по дадените препораки се уредени со одредбите на Законот за државната ревизија.

Со почит,



Број: 14-204/1                                                                          Главен државен ревизор

Дата: 22.02.2017 година                                                             м-р Тања Таневска

 
                                                                                             

Изработиле:      

м-р Цвета Ристовска, ПГДР
Тања Јаневска, ПГДР
м-р Лилјана Стојанова, ПГДР
м-р Максим Ацевски, ПГДР
 



[1] Член 45 од ЗЈВФК

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 23.02.2017