Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
ДЗР домаќин на ревизорите од мрежата на ВРИ (07-09 март)
Работилница од областа на ревизија на јавните набавки

Државниот завод за ревизија е домаќин на 5-тата работилница од серијата работилници на кои се третира ревизијата на јавните набавки. На работилницата што се одржува во Скопје учествуваат 30 ревизори од Врховните ревизорски институции кои се дел од мрежата на ВРИ како кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија.

Работилницата која ќе трае од 7 до 9 март ја отвори Главниот државен ревизор м-р Тања Таневска, посакувајќи им добро дојде и успешна работа на учесниците и на експертите од ВРИ на Шведска и на претставниците на Европскиот суд за ревизија.

Агендата на тридневниот настан предвидува повратни информации од досега сработеното на секоја ВРИ учесничка на работилницата, а  поентата е ставена на презентациите од страна на ревизорските тимови што ќе се одвиваат на пленарна седница. За време на седницата ќе бидат дадени одговори на клучните прашања како што се:

- кои беа главните предизвици;
- кои ревизорски докази се собрани и зошто;
- анализа и интерпретација на ревизорски докази;
- проблеми и решенија;

Вториот и третиот ден агендата предвидува работа по групи и обуки за областите кои се детектирани како критични, и тоа:

- соодветни ревизорски докази;
- како да се дојде до валидни ревизорските наоди;
- комуникација со субјектите;
- документација на ревизијата;

На крајот од работилницата ќе бидат донесени конкретни заклучоци и договор за понатамошна работа и соработка. 

 
Назад 
 

Креиран од goranp на 07.03.2017