Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 

Делегација на Државната ревизорска институција на Србија во работна посета на ДЗР

Четиричлена делегација на Државната ревизорска институција на Србија предводена од г-н Радослав Сретеновиќ, претседател, престојуваше во еднодневна работна посета на Државниот завод за ревизија. Во делегацијата од Србија, реализирана на 27 март, беа и Драган Стојановиќ и Дејан Стојиљковиќ, ИТ  ревизори и Синиша Биљман, координатор на проект.


Делегацијата на ДЗР, ја предводеше м-р Тања Таневска, главен државен ревизор.

 

За време на посетата претставниците на двете Врховни ревизорски институции разговараа за системот за управување со ревизијата (АМS), кој во ДЗР започна да се применува со годишната програма за работа на ДЗР за 2017. Гостите беа запознаени со процесот на воведување на АМS во ДЗР, реализиран во соработка со Канцеларијата на главниот ревизор на Норвешка, а исто така им беше презентиран и софтверот за AMS. Во рамките на посетата се разговараше и за можноста за соработка на двете институции во областа на системот за управување со ревизијата.

 

Во делегацијата на ДЗР, покрај главниот државен ревизор, беа Тања Јаневска, ПГДР, м-р Цвета Ристовска, ПГДР, Сашо Јаковчевски, помошник на раководител на ИТ ревизија, м-р Владимир Николоски, ИТ ревизор и Калиопи Петкоска, самостоен ревизор.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 28.03.2017