Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Делегација на ДЗР на конгресот на EUROSAI

Турскиот суд за ревизија е домаќин и организатор на 10-от конгрес на EUROSAI кој се одржува во Истанбул (22 – 25 мај).  Според агендата и листата на учесниците, на конгресот учествуваат 146 претставници од 39 Врховни ревизорски институции - членки на европската меѓународна ревизорска асоцијација.

На конгресот учествуваат и претставници на Европскиот суд на ревизија (ECA),  а како набљудувачи се присутни и претставници на AFROSAI, ARABOSAI и CAROSAI.  Специјален гостин се претставниците на ВРИ на Сенегал, членка на AFROSAI.



Делегацијата на ДЗР на конгресот ја предводи Заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми, а во неа се и Биљана Тановска, раководител на ревизија и Катерина Терзиоска, помлад ревизор.

Како точки на агендата на првата пленарна седница на конгресот се:

- спроведување на програмата на претседателството на EUROSAI во мандатот 2013-2017 година;

- извештај за активностите на Секретаријатот на EUROSAI во периодот 2013-2017 година;
- финансиските извештаи на EUROSAI за периодот 2014-2016 година;
- ревизорскиот извештај за EUROSAI за периодот 2014-2016 година;

На првата пленарна седница ќе се дискутира и за домаќинот на наредниот конгрес на EUROSAI за кој кандидати се ВРИ на Република Чешка и ВРИ на Израел.

Втората пленарна седница е планирана за разгледување на резултатите од конгресот во Истанбул и донесување на предлог заклучоци и препораки кои се произлезени од текот на неговото работење. Во овој дел се предвидени и дискусии во однос на спроведување на Стратешкиот план на EUROSAI за периодот 2011 – 2017 година за кое ќе има поединечни извештаи и презентации од претставниците на Врховните ревизорски институции (ВРИ).  Предвидено е и донесување на нов стратешки план на EUROSAI за периодот 2017-2023 година .

Третиот ден од конгресот агендата предвидува работилници по групи. Со овие работилници ќе  раководат лидерите на групите, а презентации ќе имаат претставниците на ВРИ кои членуваат во соодветните работни групи.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 22.05.2017