Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Главниот државен ревизор на UN/INTOSAI симпозиум во Виена

Главниот град на Австрија, Виена е домаќин на 24-от UN/INTOSAI симпозиум што се одржува од 31 мај до 02 јуни. На симпозиумот учествуваат претставници на ООН и претставници на Врховните ревизорски институции членки на INTOSAI. Државниот завод за ревизија, како членка на INTOSAI, на овој симпозиум ќе го претставува Главниот државен ревизор, м-р Тања Таневска.


Целта на симпозиумот е да се вклучат различни регионални гледни точки, да се споредуваат различни нивоа на развој и да се дискутираат актуелните импликации и релевантноста на дигитализацијата, отворените податоци и испитувањето на големи бази на податоци со цел да се генерираат нови информации, како и можностите за подобрување на придонесот на ВРИ за следење и ревизија на Целите за одржлив развој.

Симпозиумот ќе го отвори Mr. Margit Kraker, генерален секретар на INTOSAI, а поздравен говор како претставник на ООН ќе има Mr. Marion Barthelemy, директор на DESA секторот на ООН.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 31.05.2017