Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Меѓународни ревизорски активности
Делегација на ВРИ на Црна Гора во посета на ДЗР

Главниот државен ревизор, м-р Тања Таневска оствари средба и имаше билатерални разговори со д-р Милан Дабовиќ претседател на Сенатот на Врховната ревизорска институција на Република Црна Гора кој ја предводеше тричлената делегација во која беа Зоран Јелиќ, член на Сенатот   и Марија Жугиќ, Раководител на секторот за меѓународни односи.

Теми на разговор меѓу делегациите на двете Врховни ревизорски институции беа:

- релевантни прашања од областа на јавната ревизија - Ревизија на завршната сметка на државниот буџет;
- имплементација на проектот за електронско управување со ревизија  (АМС) од страна на ДЗР;
- состанок на шефовите на ВРИ на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија закажан на 11.10.2017 година во Луксембург;





Во составот на делегацијата на ДЗР која ги водеше разговорите и дебатите согласно темите во агендата учествуваа и Насер Адеми, Заменик ГДР, м-р Александар Поповски, Генерален секретар, Тања Јаневска, ПГДР, Цвета Ристовска, ПГДР, Сашо Јаковчевски, Помошник раководител на ревизија и Калиопи Петкоска, Самостоен ревизор за меѓународна соработка.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 11.09.2017