Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Посета на колегите од Норвешка на ДЗР (24-26 октомври)
Финализирање на проектот Систем за управување со ревизијата“

Во периодот 24-26 октомври во посета на Државниот завод за ревизија се членовите на проектниот тим на Канцеларијата на Главниот државен ревизор на Норвешка (Office of the Auditor General of Norway - OAGN). За време на тридневните состаноци со членовите на проектниот тим на ДЗР задолжени за имплементација на Систем за управување со ревизијата, всушност ќе се финализира и затвори заедничкиот проект на двете Врховни ревизорски институции.

 


Системот за управување со ревизијата  е нова технолошка и мошне корисна алатка,  која значително им го олеснува процесот на вршење ревизија на државните ревизори. AMS  системот е максимално современ и креиран во склад со потребите на Државниот завод за ревизија кои произлегоа низ одржувањето на многубројните состаноци на двата проектни тима – македонскиот и норвешкиот.

Системот за управување со ревизијата е проект на Државниот завод за ревизија и Врховната ревизорска институција на Кралството Норвешка кој почна во септември 2012 година. Тогаш, во Скопје, челните луѓе на двете ВРИ, м-р Тања Таневска и г. Jorgen Kosmo  го потпишаa меморандумот за соработка.


Проектот низ петгодишниот период го реализираа проектните тимови во следниот состав: Ms. Jorild Skrefsurd и Ms. Lise Margrethe Stryk Hansen, проект кординатори, Ms. Anne Hald, технички тим лидер, Mr. Tomas Rognes, член, Mr. John Green, член, Mr. Kristian Melgaard, член (ВРИ Норвешка); Тања Јаневска, проект менаџер, Сашо Јаковчевски, технички тим лидер, м-р Владимир Николовски, Калиопи Петкоска, Горан Поповски, Катерина Терзиоска, Бранко Смилевски, Марија Бачовска Тренчевска (сите членови на проектниот тим) и Златко Китаноски (локален експерт).

Официјалното затворање на проектот ќе биде во четврток (26 октомври), во хотелот „Арка“ во Скопје. По тој повод поздравно обраќање пред вработените во ДЗР и присутните гости ќе имаат Главниот државен ревизор, м-р Тања Таневска и госпоѓата Gry Anette Midtbo, раководител на Секторот за меѓународна соработка на Канцеларијата на Главниот државен ревизор на Норвешка. За постигнатите резултати од проектот презентација пред присутните ќе има раководителот на проектот од страната на ДЗР, госпоѓата Тања Јаневска.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 24.10.2017