Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Истече мандатот на Главниот државен ревизор, м-р Тања Таневска
Со ДЗР ќе раководи Насер Адеми, Заменик главен државен ревизор

Во согласност со одредбите на Законот за државна ревизија на 22.12.2017 година истече мандатот на Главниот државен ревизор, м-р Тања Таневска која беше на таа функција 10 години. Согласно истиот закон и ингеренциите што ги има Собранието на Република Македонија распиша „Јавен оглас за избор на Главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија“.

Во меѓувреме, додека трае процедурата околу изборот на нов ГДР, со Државниот  завод за ревизија ќе раководи Насер Адеми, Заменик главен државен ревизор кој на оваа функција е осма година. Во контекст на ингеренциите кои сега ги има, Насер Адеми оствари средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.



На средбата првиот човек на парламентот од страна на Заменик главниот државен ревизор беше информиран за тековните активности на ДЗР, како и за новата „Годишна програма за работа на Државниот завод за ревизија во 2018 година“ која ќе почне да се применува од 01.01.2018 година.

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 28.12.2017