Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Донесена новата Годишна програма на ДЗР
Во 2018 година планирани 67 ревизии

Врз основа на член 9 точка 2 од Законот за државна ревизија и член 34 од Правилникот за внатрешна организација на Државниот завод за ревизија, донесена е „Годишната програма за работа на ДЗР за 2018 година“. Истата влегува во сила на денот на донесувањето (28.12.2017 година), а ќе почне да се применува од 01.01.2018 година.

Програмата ќе се остварува согласно постојаната законска рамка утврдена со Законот за државна ревизија и со интензивирање на активностите за обезбедување на потребните услови за реализирање на стратешките цели на државната ревизија.  Како еден од приоритетите во овој контекст е обезбедување на независност на државната ревизија како уставна категорија во согласност со принципите на Декларацијата од Мексико. 

Со годишната програма за 2018 година ДЗР ќе настојува да го продолжи континуитетот на подигање на нивото на квалитетот на извршување на ревизиите согласно ревизорските стандарди и методолошката пракса на државната ревизија.  При остварувањето на годишната програма ќе се имплементира новиот електронски систем за управување со ревизијата (Audit Management System – AMS).

Изборот на субјектите /проектите/темите за програмата за работа на ДЗР во 2018 година е извршен согласно член 22 и 23 став 1 од Законот за државна ревизија и Упатството за предлагање ревизии за годишна програма. Согласно пропишаните критериуми во Упатството за предлагање на ревизии, ДЗР во 2018 година планира да изврши вкупно 67 ревизии кои се прикажани во прегледот на планирани ревизии што е составен дел на Програмата за работа на ДЗР во 2018 година.

( http://dzr.mk/Uploads/Godisna_programa_za_rabota_na_DZR_vo_2018.pdf)

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 29.12.2017