Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Стратешки документи на ДЗР
Донесена новата „Стратегија за развој на ДЗР 2018-2022 година“

Државниот завод за ревизија ја донесе својата нова стратегија за развој која се однесува на наредниот петгодишен период од 2018 до 2022 година. При креирањето на овој стратешки документ појдовна точка беа   стратешките приоритети и новите трендови промовирани во стратешкиот план на Меѓународната организација на врховните ревизорски институции (ИНТОСАИ) кој се однесува за периодот 2018 – 2022 година. Покрај ова, ДЗР ги имаше предвид и приоритетите наведени во стратешкиот план на Европската организација на врховните ревизорски институции (ЕУРОСАИ) за периодот 2018-2023 година.

Во својата нова стратегија за развој ДЗР  ги промовира и потврдува основните принципи на своето работење, и тоа: независноста, објективноста, компетентноста, професионалноста, тимската работа и транспарентноста. Притоа, имплементацијата на ISSAI стандардите е една од најзначајните стратешки определби на ДЗР.  Во тој контекст, согледувањето на нивото на имплементација на  ISSAI стандардите во финансиската ревизија и во ревизијата на успешност, со помош на алатките изготвени и презентирани преку проектот на „INTOSAI Development Initiative (IDI)“ беше извршено во изминатиот период. 

Во контекст на понатамошниот развој на квалитетот на државната ревизија, со новата стратегија ДЗР планира да продолжи да ја развива ревизорската пракса преку остварување на непосредните цели и активности кои се дефинирани во новата стратегија за развој на ДЗР 2018 – 2022 година.

( http://dzr.mk/Uploads/Strategija_za_razvoj_na_DZR_2018_2022_REDUCE.pdf)

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 05.01.2018