Контакт

Адреса:
Државен завод за ревизија
Палата „Емануел Чучков“
ул. „Јордан Мијалков“ 
1000 Скопје
Република Македонија

Телефон:
(02) 32-11-262
Факс:
(02) 31-26-311

Е-маил: dzr@dzr.gov.mk 

За ДЗР

Ревизорски извештаи

Прописи и стандарди

Образец ИЗПМ

Извештаи на политичките партии

Јавни набавки

Соопштенија

 
Стратешки документи
ДЗР со нова ИТ стратегија 2018-2022 година

Новата ИТ стратегија на ДЗР, која се однесува на наредниот петгодишен период (2018-2022 година) има за цел да ја зголеми ефикасноста на информацискиот систем на ДЗР, а истовремено да придонесе за имплементирање на Стратегијата за развој на ДЗР за истиот период.

Изработката на оваа стратегија следеше по извршената евалуација на ИТ стратегијата 2013-2017 година и направената анализа на остварените цели и спроведените активности. Притоа беа користени и резултатите од самопроценката спроведена во соработка со Холандскиот суд за ревизија.

ИТ стратегијата вклучува неколку аспекти како што се:

- транспарентноста и ажурноста на информацискиот систем на ДЗР;
- подобрување на заштитата н безбедноста на податоците, опремата, системите и комуникациите;
- спроведување на ИТ стандардите за правење резервна копија и обновување на податоците кои имаат важност од највисок приоритет и сите останати релевантни податоци;
- планирање на ИТ инвестиции за надградба и одржување на ИТ системот на ДЗР;
- континуирана едукација и обука на вработените од областа на информатичко комуникациската технологија; 

Една од целите на ИТ стратегијата е и презентирање на резултатите од работењето на ДЗР за која цел во стратегијата е планирано спроведување на соодветни активности.   

 

(http://www.dzr.mk/Uploads/IT_Strategija_na_DZR_2018_2022_REDUCE_WEB.pdf)

 
Назад 
 

Креиран од mijalced на 04.01.2018