dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Раководство

Главен државен ревизор


Максим Ацевски

 

Адреса:
Државен завод за ревизија
ул. Павел Шатев бр. 2
Палата „Емануел Чучков“
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
Тел: + 389 2 3211 262

Е-пошта:
[email protected]
 

Максим Ацевски

Главен државен ревизор

Со одлука донесена на 12.12.2019 година од страна на Собранието на Република Северна Македонија е избран за Главен државен ревизор со мандат од 9 години. Роден е на 29.02.1964 година во Велес.

 

 

 

Образование:

Дипломирал во 1987 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на истиот универзитет на тема “Улогата на внатрешната ревизија и интерната контрола во подобрување на работењето на единиците на локална самоуправа” со просек 9.40. 

 

Професионално искуство:

Својот професионален ангажман го започнува во 1988 година, одма по дипломирањето, како раководител за буџетски работи во Општина Велес, за да во 1990 година премине во подрачната единица во Велес на Министерството за финансии во секторот за управување со буџет. Својата ревизорска кариера ја започнува во 2001 година во Државниот завод за ревизија како виш ревизор, а во 2005 година е назначен на местото помошник главен државен ревизор со веќе стекнат сертификат на овластен државен ревизор. Во октомври 2019 година станува координатор за административни и правни работи во Агенција за супервизија на осигурувањето.

Во текот на годините во својата професионална надградба се стекнува со сертификати на овластен државен ревизор, овластен сметководител, сертифициран истражувач на измами, вештак, проценител на побарувања и обврски како и проценител на капитал и други.

Учествувал на многу конференции и семинари, држел предавања и учествувал во различни проекти од областа на ревизија, сметководство, јавно буџетирање, контрола и проценка на ризик во единиците на локалната самоуправа, администрација на локални даноци и такси и слично.

Истовремено е автор и коавтор на голем број на стручни публикации од областа. 

повеќе
12.12.2019

Заменик главен државен ревизор


Орхан Адеми

 

Адреса:
Државен завод за ревизија
ул. Павел Шатев бр. 2
Палата „Емануел Чучков“
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
Тел: + 389 2 3211 262

Е-пошта:
[email protected]
 

Орхан Адеми

Заменик главен државен ревизор

Со одлука донесена на ден 04.02.2020 година од страна на Собранието на Република Северна Македонија е избран за Заменик главен државен ревизор во Државниот завод за ревизија со мандат од 9 години. Роден е на 25.10.1982 година во Скопје.

 

 

Образование:

Дипломирал во 2005 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал во 2016 година на Универзитетот во Тетово на тема „Сметководство, финансии и ревизија“.

 

Професионално искуство:

Својот професионален ангажман го започнува во 2005 година како помлад ревизор во Државниот завод за ревизија. Во натамошните години градејќи ја својата професионална кариера во ДЗР, преку системот на унапредување се стекнува со звање Самостоен ревизор во Секторот 2 – Сектор за ревизија на субјектите од областа на економијата, сообраќајот и комуникациите и јавните претпријатија и трговските друштва од областа, образованието и науката, културата и финансирање на дејностите.

Учествувал на бројни конференции, семинари и обуки за спроведување на финансиска ревизија, ревизија на успешност и усогласеност, создавање на поквалитетни ревизорски извештаи и спроведување на ревизии на системот за интерни контроли. Исто така има учествувано на меѓународни семинари и работилници во Естонија, Германија и Луксембург (стажирање во Европскиот суд на ревизори 01.10.2009 – 30.03.2010).

повеќе
04.02.2020

Генерален секретар


Александар Поповски

 

Адреса:
Државен завод за ревизија
ул. Павел Шатев бр. 2
Палата „Емануел Чучков“
1000 Скопје
Република Северна Македонија

Телефон:
Тел: + 389 2 3211 262

Е-пошта:
[email protected]
 

Александар Поповски

Генерален секретар

Почнувајќи од 01.03.2021 година, согласно Законот за административни службеници, назначен е за Генерален секретар на Државниот завод за ревизија од страна на Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски.






Образование:
Дипломирал во 2001 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Меѓународно јавно право, каде и магистрирал во 2006 година на тема „Примена на принципите на Меѓународното хуманитарно право во процесот на донесување одлуки од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за судење на обвинетите за злосторства сторени на територијата на поранешна СФР Југославија“.

 

Професионално искуство:
Својот професионален ангажман во јавниот сектор го започнува во 2001 година како советник во Агенцијата за работа со блокирани сметки на учесниците во платниот промет, се до 2003 година, кога преминува во Министерството за економија, каде во периодот од 2004 до 2010 година раководел со сектор за европска интеграција, бил главен и одговорен службеник за усогласување на правната рамка со европското законодавство во областите од надлежност на министерството, а од 2010 година бил распореден за раководител на секторот за правни работи.

Во октомври 2012 година преминува на работно место раководител на секторот за правни и општи работи, јавни набавки и односи со јавност во Државниот завод за ревизија, каде во периодот од јуни 2015 до септември 2019 година ги извршувал работите на Генерален секретар.

Учествувал на многу светски, европски и регионални конференции и семинари од областа на европските интеграции, внатрешен пазар, реформа на бизнис окружувањето, едношалтерски системи и јавни регистри, трговски друштва, сметководство и ревизија, организирани од институциите на јавниот сектор.

повеќе
01.03.2021