dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

17 - Партнерства за постигнување на целите

17.1 Да се зајакне мобилизацијата на домашните ресурси, меѓу другото и преку меѓународна поддршка за земјите во развој со цел подобрување на домашните капацитети за наплата на даноци и други приходи

17.2 Развиените земји целосно да ги исполнат своите официјални обврски за развојна помош, вклучително и обврската на повеќето развиени земји за постигнување на таргетот за отстапување 0,7 проценти од нивниот бруто-домашен приход (БДП) како официјална развојна помош на земјите во развој и 0,15-0,20 проценти од БДП за најмалку развиените земји; давателите на официјална развојна помош се охрабруваат да размислат за поставување цел од најмалку 0,20 проценти од официјалната развојна помош која би се доделувала на најмалку развиените земји

17.3 Да се мобилизираат дополнителни финансиски средства од повеќе извори за земјите во развој

17.4 Да им се помогне на земјите во развој да постигнат одржливост на долгорочниот долг преку координирани политики насочени кон поттикнување финансирање, отпишување и преструктуирање на долгот, и доколку е потребно решавање на надворешниот долг на високозадолжените сиромашни земји

17.5 Да се донесат и да се спроведат режими за промоција на инвестирањето во најмалку развиените земји

Технологија
17.6 Да се подобри соработката во насока север-југ, југ-југ и триаголната регионална и меѓународна соработка за подобрување на пристапот до наука, технологија и иновации, и да се подобри споделувањето на знаења под заеднички договорени услови, вклучително и преку подобрена координација меѓу постојните механизми, особено на ниво на Обединетите нации и преку механизмот за олеснување на глобалната технологија

17.7 Да се унапреди развојот, преносот, дистрибуцијата и дифузијата на соодветни еколошки технологии во земјите во развој по поволни услови, вклучително и преку меѓусебно договорени концесиски и повластени услови

17.8 До 2017 година потполно да се операционализира банката на технологии и на научни, технолошки и иновативни механизми за градење на капацитетите во најмалку развиените земји и да се зголеми употребата на овозможувачка технологија, особено на информатичката и комуникациската технологија

Градење капацитети
17.9 Да се подобри меѓународната поддршка за спроведување ефективно и насочено градење капацитети во земјите во развој за поддршка на националните планови за спроведување на сите цели за одржлив развој, вклучително и преку соработка север-југ, југ-југ и триаголна соработка

Трговија
17.10 Да се промовира универзален, заснован врз правила, отворен, недискриминирачки и правичен мултилатерален трговски систем во рамките на Светската трговска организација, меѓу другото и преку завршување на преговорите во рамките на Развојната агенда од Доха

17.11 Значително да се зголеми извозот на земјите во развој, особено со цел до 2020 година двојно да се зголеми уделот на најмалку развиените земји во вкупниот глобален извоз

17.12 Навремено да се спроведе пристап до пазари без давачки и квоти на долгорочна основа за сите најмалку развиени земји во согласност со одлуките на Светската трговска организација, вклучувајќи и повластени правила за увоз со потекло од најмалку развиените земји кои ќе бидат транспарентни, едноставни и ќе придонесат за олеснет пристап до пазарот

Системски прашања
Политики и институционална кохерентност

17.13 Да се подобри глобалната макроекономска стабилност, вклучително и преку координација и кохерентност на политиките

17.14 Да се подобри кохерентноста на политиките за одржлив развој

17.15 Да се почитува политичкиот простор и лидерството во секоја од земјите за воспоставување и спроведување политики за искоренување на сиромаштијата и одржлив развој

Партнерство од повеќе општествени чинители

17.16 Да се зајакне Глобалното партнерство за одржлив развој надополнето со партнерства од повеќе чинители кои се мобилизираат и споделуваат знаења, експертиза, технологии и финансиски ресурси за поддршка и остварување на целите за одржлив развој во сите земји, особено во земјите во развој

17.17 Да се поттикнат и да се промовираат ефикасни јавни, јавно-приватни и партнерства со граѓанскиот сектор засновани врз искуства и партнерски стратегии за обезбедување ресурси

Податоци, следење и отчет

17.18 До 2020 година да се зголеми поддршката за градење капацитети во земјите во развој, вклучително и во најмалку развиените земји и во малите островски земји во развој со цел значително да се зголеми достапноста на висококвалитетни, навремени и сигурни податоци расчленети врз основа на приход, пол, возраст, раса, етничка припадност, миграциски статус, попреченост, географска локација и други карактеристики што се релевантни во национален контекст

17.19 До 2030 година да се надградат постојните иницијативи за развивање мерила за напредокот на одржливиот развој што го надополнува бруто домашниот производ, како и да се поддржи градењето на капацитетите за водењето статистика во земјите во развој

 

повеќе
23.12.2022