dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соработка со институции надлежни за поведување постапки по ревизорските извештаи

Соработка со институции надлежни за поведување постапки по ревизорските извештаи

Согласно членот 35 од Законот за државната ревизија, доколку овластениот државен ревизор при ревизија оцени дека субјектот на ревизија сторил прекршок или кривично дело должен е веднаш да ги извести надлежните органи.

Органи надлежни за поведување постапки по ревизорските извештаи се: Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи.
Соработката со овие органи се одвива  во согласност со овластувањата и обврските утврдени со Законот за државната ревизија, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за јавното обвинителство, Изборниот законик и со другите закони и подзаконски акти.

Во рамките на соработката со овие органи, ДЗР континуирано обезбедува:

  • доставување ревизорски извештаи, информации и материјали за наоди што иницираат активности од надлежност на Државната комисија за спречување на  корупцијата, Јавното обвинителство на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи и обратно
  • одговарање и доставување на информации и материјали за извршени ревизии по барање на овие органи
  • обезбедување повратни информации од овие органи по претходно доставените информации, материјали и ревизорски извештаи.

Државниот завод за ревизија активно соработува со сите надлежни државни органи во насока на спречување и намалување на корупцијата и судирот на интереси. Потписник е и на Протоколот за соработка за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси, потпишан на 25.12.2007 год., помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за јавни приходи, Јавното обвинителство на Република Македонија, Државното правобранителство на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за ревизија, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Дирекцијата за спречување на перење пари и Државниот завод за геодетски работи.

Исто така, Државниот завод за ревизија учествуваше во подготовката на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план за периодот 2011 – 2015 година, а со свој претставник учествува и во работата на Меѓуресорското тело за спречување на корупцијата.

Државниот завод за ревизија учествува и во реализацијата на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија преку активностите предвидени во Поглавје 3.23 Правосудство и фундаментални права, Подрачје – Антикорупциска политика и Поглавје 3.32 Финансиска контрола, Подрачје – Надворешна ревизија.

повеќе
20.03.2023