dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соработка со Собранието на Република Македонија

Соработка со Собранието на Република Македонија

Основни корисници на резултатите од работата на ДЗР се Собранието на РМ, Владата на РМ и другите надлежни институции од јавниот сектор. Во комуникацијата со корисниците на резултатите од неговата работа, ДЗР има за задача да обезбеди навремени информации.
 

Комуникацијата со Собранието на Република Македонија е оценета како особено важна.
Ова, меѓу другото, заради тоа што поради поставеноста на Државниот завод за ревизија на Република Македонија според вестминстерскиот модел, Државниот завод за ревизија за своето работење го известува Собранието на Република Македонија.

Мисијата на ДЗР, дефинирана со Стратегијата за развој на ДЗР, е навремено и објективно информирање на Собранието, како и Владата, другите носители на јавни функции и јавноста за ревизорските наоди од спроведените ревизии.

Исто така, мисија на ДЗР е и да обезбедува поддршка на Собранието на РМ во исполнувањето на неговите надлежности преку идентификацијата и презентацијата на неправилностите, случаите на противзаконско работење, и можни случаи на корупција и злоупотреба на функцијата.
Соработката помеѓу ДЗР и Собранието на РМ се одвива во континуитет во повеќе насоки и се реализира преку следните форми утврдени до Законот за државната ревизија:

  • ДЗР доставува годишна програма за работа до Собранието заради информирање;
  • ДЗР доставува годишен извештај за работењето до Собранието на разгледување, а Собранието донесува заклучоци по истиот;
  • ДЗР доставува конечни ревизорски извештаи до Собранието.
повеќе
05.05.2019