dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Соработка со Владата на Република Северна Македонија

Соработка со Владата на Република Северна Македонија

Согласно Законот за државна ревизија, главниот државен ревизор до Владата на РМ ги доставува ревизорските извештаи на субјектите каj кои Владата е надлежен орган за надзор. Во Владата на Република Македонија е формирано и посебно тело надлежно за разгледување на овие извештаи и предлагање мерки и активности за успешна имплементација на препораките дадени од страна на ревизорите во ревизорските извештаи.

Имено, Владата на Република Македонија образуваше Ревизорски комитет како постојано стручно тело.
Согласно Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, Ревизорскиот комитет особено ги разгледува ревизорските извештаи за Буџетот на Република Македонија, за министерствата и другите органи на државната управа, за буџетите на фондовите, за јавните претпријатија основани со закон и за јавните установи основани од Владата и извештаите на министерствата и на другите органи на државната управа за преземените мерки за надминување на утврдените неправилности во ревизорските извештаи на Државниот завод за ревизија.

Со Деловникот за работа на Владата на Република Македонија е уредено дека Ревизорскиот комитет и поднесува писмени извештаи на Владата, со мислења и предлози за преземените мерки во врска со наодите во ревизорските извештаи, а генералниот секретар на Владата на Република Македонија го известува Државниот завод за ревизија за заклучоците на Владата за преземените мерки од субјектите кај кои е извршена ревизијата во врска со наодите во ревизорските извештаи.

повеќе
20.03.2023